Саем за мебел од 24 до 29 март

621

Mebel 2015

Меѓународниот саем за мебел оваа година го одбележува своето 41 годишно постоење со импозантна посетеност како секогаш, така и овојпат, се очекуваат повеќе од 50.000 посетители кои ќе го посетат Скопски саем и ќе го уредат својот дом или работно место со убаво и удобно парче мебел.

Презентација на повеќе од 10.000 парчиња мебел, за прв пат поставени во 10 саемски хали, од 24 до 29 март 2015 година, ќе ги очекува граѓаните кои ќе имаат можност да го посетатат Скопски саем, а со секоја купена влезница да станат и потенцијални добитници на новата Корса, од Опел – екслузивниот партнер на Саемот за мебел 2015.

Andrej Novak

“Бидејќи удобното возење е еднакво на комфорно уживање во тросед, токму затоа, група скопјани уживаа во комфорот и удобноста, кои по случаен избор на улиците низ Скопје имаа шанса да се возат во новата Опел Корса и на тој начин да се информираат за претстојниот Саем за мебел“, се вели во соопштението.

Во 16.000 метри квадратни, посетителите ќе можат да ја најдат идеалната понуда на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел.

Саемот за мебел започнува на 24 март и трае до 29 март кога всушност ќе се случува и извлекувањето на наградата за посетители – новата Опел Корса.