Од утре почнува саемот Купи куќа, купи стан, којшто ќе се одржува во Скопје Сити Мол и ќе трае до осми декември, информираат од Министерството за финансии.
Граѓаните ќе можат на едно место да добијат информации од Министерството за финансии, банките коишто се во проектот и градежните компании, како да аплицираат за Проектот за субвенционирани станбени кредити од државата – Купи куќа, купи стан, којшто продолжува и во 2020 година.
Со промените во проектот направени годинава, подобрени се условите за да можат граѓаните да дојдат до сопствен дом, со поддршка од државата.
Годинава се доделени 97 станбени кредити во износ од 3,6 милиони евра, а субвенционирани се 1,1 милион евра.