Саем за традиционална храна и активен туризам – Ис(в)куси ја Македонија

71

poster-honey-pool

Саемот за традиционална храна и активен туризам Ис(в)вкуси ја Македонија ќе се одржи на 24-ти и 25 февруари во трговскиот центар Рамстор во Скопје.

Во делот за традиционална храна ќе се нудат преку 30 производи од рурална Македонија кои се ретко достапни во Скопје – крушевски локум, органски велешки мед, традиционални зачини, вина од мали тиквешки винарии и многу други. Во делот за активен туризам по намалени цени ќе се нудат преку 30 активни тури низ цела Македонија – посети на Кокино, тандем параглајдинг во Крушево, јавање коњи во Галичник, планински велосипедизам во Мариово и многу повеќе.

Саемот Ис(в)куси ја Македонија е организиран од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, во соработка со Рамстор Мол и Локалните акциски групи од пелагонискиот, вардарскиот, полошкиот и североисточниот плански регион.