Саем за вработување и пракса на ФЕИТ

51

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе биде отворен првиот Саем за вработување и пракса Контакт во организација на Студентскиот парламент при ФЕИТ.
На првиот ден од саемот ќе се организира и форумска расправа на тема Соочуваме аргументи на тезата: Пресекот помеѓу стручните познавања на дипломецот и побарувањата на стопанството е празно множество, на која ќе учествуваат студенти, професори и претставници на компании.
На саемот ќе се презентираат компании од енергетскиот и ИТ секторот, автоматиката, телекомуникациите, електрониката, како и банки. Саемот ќе трае до 9 април.