Саем за вработување Job Fair 2015 од денеска до 11-ти март

24

job fair 2015

Саемот за вработување Job Fair 2015 ќе биде отворен денеска од 19 часот на Градежниот и Архитектонскиот факултет во Скопје. Саемот е во организација на БЕСТ Скопје и ќе трае до 11-ти овој месец.

Студентите преку штандовите ќе може да им пристапат на претставници од компаниите со цел подетално да се информираат или да се консултираат за голем број прашања. Студентите, исто така, ќе може да присуствуваат на разни предавања, презентации и обуки на теми кои ќе бидат објавени дополнително.

Доколку студентите се заинтересирани за ваков вид соработка со компаниите, треба да остават свое CV на официјалната веб-страница www.jobfair.org.mk. Кратките биографии потоа стануваат дел од датабазата до која имаат пристап сите компани учеснички.