Саемот за автомобили во Женева ќе биде збогатен со патека за тестирање во затворен простор

123

Патеката ќе биде лоцирана во хала 7 во Palexpo Convention Center, каде што се одржува Саемот за автомобили во Женева. Во централниот дел од кружната патека ќе има и VIP Lounge простор, којшто покрај сите пропратни активности, ќе служи и како место за избегнување на метежот од главните хали на Саемот.

Најмалку 48 возила од 15 автомобилски производители ќе бидат прикажани на патеката. Меѓу оние производители кои ќе се претстават се Aiways, Audi, BMW, DS Automobiles, Honda, Hyundai, Kia, Mercedes-Benz, Porsche, Renault, Smart, Toyota и Volkswagen. Присутните ќе можат да уживаат во три круга зад воланот на нивниот избран автомобил, додека ги придружува експерт во совозачкото седиште.

За време на ревијата се очекуваат да се одржат околу 11.000 Discovery Drives. Со оглед на тоа дека се очекуваат околу 600.000 посетители на Саемот, резервациите за возење ќе се вршат преку случаен избор со помош на апликацијата на Geneva International Motor Show.

Екипата на Авто Плус ќе биде присутна на Саемот за автомобили во Женева, од каде ќе се обидеме да ви ги пренесеме сите новости и ќе имате шанса да ги погледнете сите нови возбудливи автомобили кои ќе се појават премиерно на настанот.

Преземено од Avtoplus.mk