Саемот за туризам, Виз Ер Скопје Маратон Експо и Деновите на кариера и официјално започнаа денеска

27

Денеска официјалните отворања на останатите три саеми беа причина плус за големиот избор на различна програма и изложувачи.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со директорката на Скопски саем Даниела Глигоровска и Кире Синадиновски, Директор на Виз Ер Скопски Маратон го прогласија за отворен првиот Виз Ер Скопје Маратон Експо кој од денеска до 9 мај ќе се одржува на Скопски саем во хала 4. Работното време на Wizz Аir Скопје Маратон Експо 2015 е од 10 до 20 часот.

Сите пријавени учесници треба да си ги подигнат своите стартни пакети на саемот Wizz Аir Скопје Маратон Експо во 4-та хала. Саемот ќе понуди богата изложбена програма поврзана со спортот, здравиот живот, здравата исхрана, спортска опрема, фитнес центри итн.

Во хала 2, денескла започна и Саемот за туризам Скопје травел маркет 2015 кој официјално беше прогласен за отворен од страна на Кристијан Џамбазовски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија и Никола Бакрачески, градоначалник на град Охрид. Партнер на настанот е Стопанска комора за туризам на Македонија. Покровител е Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија која е воедно и учесник на саемот кои со свој штанд ќе промовираат проекти за развој на туризмот во Македонија. Оваа година за прв пат се претставува и градот Охрид кој воедно е и град домаќин на Скопје Травел Маркет.

Третиот Саем кој беше отворен денеска е и Саемот за образование и кариера. Основната цел на 18. издание на саемската манифестација Денови на образование и кариера 2015 е информирање на младите за правилно насочување на нивните интереси во изборот на идното образование и професија. Во програмскиот дел ќе бидат реализирани две отворени трибини на теми кои се актуелни во областа на високото образование и презентации на странски образовни институции, како и агенции кои нудат информации за стипендии и пракси. Посебно е значајно да се нагласи организираното учество на Унгарскиот универзитетски кампус со учество на 7 универзитети, како и на 8 универзитети од регионот преку Xhafa Exhibitions oд Косово.

Паралелно со Саемот за туризам, Виз Ер Скопје Маратон Експо и Деновите на образование и кариера, граѓаните ќе можат да го посетат и Саемот на книгата, кој трае сè до понеделник, 11-ти мај.