Саемска промоција на Мебел-Ви низ цела Македонија

175

okk
Со цел да ја олесни потрагата на купувачите и да понуди уникатно шопинг искуство на сите посетители, овогодинешниот САЕМ ЗА МЕБЕЛ којшто го организира групацијата Мебел-Ви ќе биде направен на вкупна површина од 14.500м2 во седум градови низ Македонија. Ова претставува убедливо најголемата саемска промоција во цела држава, со попусти и до 40%.

Промоцијата го опфаќа целокупниот асортиман што се нуди во салоните на Мебел-Ви. Сите производи кои се нудат во добро познатата колекција на Мебел-Ви, супер достапната понуда на Status, како и популарната програма на душеци од Allegro се дел од најголемата саемска понуда во Македонија.

Со големо задоволство Мебел-Ви ги известува сите пријатели, партнери и потрошувачи дека Саемот за мебел во салоните трае до 31 Март. Сите оние кои имаат потреба од плочест мебел, а не се во можност да ги посетат салоните може да направат нарачка и на интернет продавницата www.mebel-vi.com.

Ова претставува совршена прилика купувачите да се запознаат и со најновата колекција на супер квалитетни модели веќе достапни за нарачка од премиум програмата од трговската марка MONDIVI. Се работи за колекцијата MONDIVI Editions 2018. Оваа колекција опфаќа модели изработени под Италијанска лиценца во Европската унија, со анатомски иновативни релакс механизми и користење на супер квалитетен повеќеслоен силикон за најголема можна удобност. Моделите се изработуваат во 100% чиста природна говедска кожа со неверојатни карактеристики и дебелина од 1,2мм, или во квалитетни штофови со изразена дебелина и природен изглед.

Станете дел од ова Саемско дружење низ цела Македонија. Пролетта може да започне со ново парче мебел по супер цени и многу изненадувања. Мебел-Ви ги очекува своите купувачи во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци, Битола, Прилеп или Виница.