Сакате да ги намалите месечните трошоци во вашиот дом?

17

moznosti

Искористете го кредитот за енергетски ефикасен дом кој го пласира Штедилница Можности!

Во соработка со Хабитат кредитната линија, Штедилница Можности пласира кредити за енергетска ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија.

Кредитот е наменет за задоволување на личните потреби на клиентите за одредени промени во домот, со што би се зголемила енергетската ефикасност на нивниот дом и со тоа би се намалиле месечните трошоци за греење/ладење и електрична енергија.

Средствата од кредитот можат да се искористат за:

  • Топлинска и хидроизолација на фасада,
  • Топлинска и/или хидроизолација на покривот,
  • Топлинска и/или хидроизолација на под кон подрум,
  • Замена на старите и дотраени прозорци и балконски врати,
  • Користење на сончева енергија,
  • Поставување на термостатски вентили на секој радијатор,
  • Замена на сијалици од жаречки во ЛЕД

Износите на кредитот се до 2.000 евра, со рок на враќање до 24 месеци.

Годишната каматна стапка е 7,636% (СВТ од 10,086%).

Дополнителни трошоци на кредитот се манипулативен трошок од 2%, меница од 200 денари и интеркаларна камата, зависно од денот кога се реализира кредитот.

Месечната провизија за управување со кредитот е 0%.

Кредитот се одобрува без жиранти, а отплатата е адаптирана според потребите на клиентот. Тоа значи дека за кредит од 2.000 евра на 24 месеци и месечна рата од 90,12 евра, вкупниот износ што го плаќа потрошувачот изнесува 2.215,18 евра.

Сите заинтересирани можат да аплицираат за кредит во сите експозитури на штедилницата, како и на веб-страницата www.moznosti.com.mk.