Сакате нешто екстра?

30

moznosti

Ви го предлагаме кредитниот продукт Можност + на Штедилница Можности, наменет за малите семејни бизниси!

Се работи за кредитен продукт кој ги задоволува сите потреби на сопствениците на малите бизниси. Овој продукт им овозможува на клиентите пристап до готовина, без потреба од дефинирање на намената на кредитот, како и без оглед на висината на платата на кредитобарателот.

Кредитите се наменети да ги задоволат сите потреби на сопствениците на кредитоспособни семејни бизниси кои делуваат во областа на услугите, производството, туризмот, градежништвото, трговијата и занаетчиството.

Износот на кредитите е до 15.000 ЕУР/900.000 МКД за физичко лице.

Рокот на враќање изнесува максимално 84 месеци.

Годишната каматна стапка започнува од 6,632%, односно 7,632% за кредити во денари со девизна клаузула (ЕУР), и 10,250%, односно 11,250% за кредити во денари (МКД).

Трошоците на кредитот се манипулативен трошок од 2%, месечна провизија за управување која започнува од 0,133% за кредити во денари (МКД), односно 0,304% за кредити во денари со девизна клаузула (ЕУР), меница од 100 до 500 денари, и интеркаларна камата, зависно од денот кога се реализира кредитот.

Отплатата може да се врши со еднакви месечни рати или со променлив план на отплата, согласно дејноста на клиентот.

Апликацијата за кредит и личното советување на клиентот не се наплаќаат.

Дополнително, клиентите немаат обврска да вршат промени во нивната трансакциска сметка, односно средствата се префрлаат на трансакциска сметка или штедна книшка во банка/штедилница по избор на корисникот на кредитот.

Исто така, штедилницата нуди и депозити за клиентите или нивните деца и семејства по исклучително поволни услови.

Штедилницата не наплаќа трошоци за аплицирање, ниту какви било други трошоци поврзани со користењето на кредитот, покрај горенаведените.

Пример:

moznosti-2

Вкупниот износ што го плаќа потрошувачот согласно примерот изнесува 562.824,00 МКД.

Примерот е доколку кредитот се исплаќа на први во месецот.

Сите заинтересирани можат да аплицираат за кредит во сите експозитури на штедилницата, како и на веб-страницата www.moznosti.com.mk.

moznosti-3