Американската ИТ компанија Salesforce објави дека го презема Slack за 27,7 милијарди долари, во зделка што ќе ја финансира со готовина и акции. Акционерите на Slack ќе добијат 26,79 долари во готово.
Понудата доаѓа во време кога Slack се бори да го искористи преминувањето на работа од далечина во текот на пандемијата со Ковид-19.
Договорот се очекува да се затвори во вториот квартал во фискалната 2022 година.
Фото: Facebook