Salomon претстави патики што се претвораат во чизми за скијање

128

Concept Shoe e патика што може целосно да се рециклира во скијачка чизма. Според француската компанија Salomon којашто стои зад дизајнот, обувката е изработена од термопластичен полиуретан (TPU), пишува Tree Hugger.

На крајот на “животниот циклус“ патиките можат да се сомелат, а добиениот материјал да добие нов живот на скијачките патеки.

На овој начин, Salomon ќе го продолжи животот на материјалите повеќе од двојно со што ќе ја заштити и околината.

Иновативните обувки се подготвуваа 18 месеци за да се добие финалниот производ.

Одржливата иницијатива е во рамки на намерата на компанијата да го намали штетното влијание врз животната средина во следната деценија.

Фото: Salomon