Самит 100 – собир на најголемите бизнис лидери во југоисточна Европа

24

samit-100

Стотина највлијателни лидери во регионот ќе учествуваат на бизнис собирот – Самит 100 бизнис лидери во југоисточна Европа. Третата заедничка средба ќе се одржи на 14 и 15 јули во хрватскиот град Цавтат и ќе се занимава со можностите за соработка со цел зајакнување на конкурентноста на националните економии, но и потенцијалите на регионот, пишува Вечерњи лист.

За глобалните движења и за тоа каде се позиционира регионот, на почетокот на собирот, ќе говори Хари ван Доренмален, претседател на IBM за Европа.

Потоа ќе следат работнилници по името Креативни партнерства како потенцијал за регионот – конзорциум за креативен извоз и заеднички настап на локалните и трети пазари. Секоја од седумте работни маси во рамки на работилниците ќе имаат свој домаќин, кој за потенцијалните проекти за регионална соработка ќе ги информира останатите учесници.

Работната маса посветена за храна и пијалоци ќе ја води Миодраг Костиќ од МК Група и Љерка Пуљиќ од Агрокор, а на онаа посветена за енергетиците домаќин ќе биде Томаж Берлочник од Петрол и Томислав Тур од Ина. Своите искуства и идеи за туризмот ќе ги изнесат Јако Андабак од концернот Сонце и Жарко Радуловиќ од Монтенегро Старс Група…

За сесијата посветена на здравствениот и фармацевтскиот сектор домаќини ќе бидат Живко Мукаетов од Алкалоид и Иво Усмиани од Јадран галенска лабораторија (ЈГЛ).

Се предвидува и панел дискусија со лидерите од Брдо процесот од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија.

На вториот ден од самитот за искуствата од соработката на нордиските земји ќе зборува претставничката на Нордискиот совет на министри, Елин Флајгерин, а ќе се одржат уште две пленарни сесии.

Организатори на самитот се Хрватското здружение на работодавачи, Српската асоцијација на менаџери и Атлас фондацијата и Здружението Менаџер од Словенија.