Само една обврзувачка понуда за Badel 1862

30

badel 1862

Во постапката за собирање понуди за стратешко партнерство и докапитализација на Badel 1862 во рамки на постапката за претстечајна спогодба во отворениот рок до 23 јули е пристигната само една обврзувачка понуда, јавува хрватски Пословни дневник.

На третата седница на Работната група за спроведување на реструктуирање на Badel 1862 била отворена единствената пристигната понуда. На седницата бил донесен заклучок дека анализата на понудата во рамки со структурата, условите и критериумите за оценка на обврзувачката понуда на потенцијалните стратешки инвеститори ќе биде направена во рок од четири работи дена.

Работната група ќе расправа за понудата на следната седница предвидена за први август.

Од Badel 1862 на средината на јуни информираа дека во првиот круг на примање необврзувачки понуди по повод јавниот повик за собирање понуди за стратешко партнерство и докапитализација на компанијата во рамки на постапката интерес покажале шест домашни и странски компании, од кои во предвидениот рок доставиле пет необврзувачки понуди.

Тогаш необврзувачки понуди испратија компаниите BIDCO, која го претставува конзорциумот на Quaestus Private Equitya и Подравка од Хрватска, JM Fundus со странски капитал, заедничка понуда испратија иа македонски Тиквеш и Орбико, британската компанија Stock Spirits Group, Tempo Beverages од Израел и компанијата Princeps promet од Хрватска.