Само грчката РСС достави понуда за доделување на концесија за Црна река

19

Грчката компанија Public power corporation PCC е единствената што аплицираше на тендерот за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектричните централи на Црна река.

Отворањето на понудите за доделување на концесијата беше во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање на 30.06.2014 година.

Во тек е фазата на евалуација на доставените понуди, а во најкраток можен рок Владата ќе донесе одлука за тоа дали понудувачот ги исполнува утврдените услови.