Samsung: Батерија со којашто автомобилите би поминале и до 700 километри

48

1505178656454

Фото: Samsung SDI

Одделот на Samsung за изработка на батерии, Samsung SDI го престави својот нов производ на шоуто за автомобили во Франкфурт, стои во официјалното соопштение. Станува збор за батерија со којашто автомобилот може да помине 600 до 700 километри само со едно полнење.

Батериите се базирани на новиот технолошки стандард 21700 и имаат цилиндрична форма. Нивниот дијаметар изнесува 21 милиметар, а висината 70 милиметри. Сместени во модули во форма на правоаголник и колку поголем е нивниот број толку поголемо растојание автомобилот може да помине.

На пример, доколку се инсталираат 20 модули во еден премиум автомобил истиот ќе може да помине до 700 километри. Ако еден седан има 10-12 модули тогаш ќе има батерија за растојание од 300 километри.