Samsung дизајнираше монитор што безжично полни мобилни уреди

6

samsung monitor 2

Samsung го претстави новиот монитор SE 370, којшто е прв во светот по тоа што овозможува безжично полнење на мобилни уреди.

Мониторот, што го има во две димензии од 23,6 и 27 инчи, овозможува гледање филмови или пребарување на интернет и безжично полнење на мобилните уреди во исто време.

samsung monitor 1

“Технологијата треба да им помогне на луѓето, а не да им пречи во нивниот активен начин на живот. Нашите клиенти сè повеќе се потпираат на мобилните уреди за да ги добијат сите потребни информации и да останат во контакт со луѓето. На овој начин сакаме да им помогнеме да го намалат нередот од нивните работни маси“, изјави Сеок ги Ким, постар заменик претседател на Samsung.

Полнењето на уредите преку овој монитор е мошне едноставно. Уредот што треба да се наполни се става на точно определено место на мониторот. Полнењето започнува автоматски откако ќе се вклучи зелената LED лампа.

samsung monitor