Samsung го претстави новиот Galaxy A70

35

Компанијата Samsung Electronics го претстави Galaxy A70, најновиот паметен телефон на Samsung дел од Galaxy А серијата смартфони. Создаден со најновите иновации и надградени карактеристики на Samsung Galaxy А70 пристигнува со стилски дизајн, Infinity екран, подобрена тројна камера, моќна батерија и функции за беспрекорна поврзаност. Најновиот паметен телефон на Samsung е дизајниран за љубителите на дигиталниот свет кои сакаат да фотографираат, да се поврзуваат и да го споделат секој миг во моментот на случување додека го живеат животот со полна пареа.

“Денес, потрошувачите ги користат своите телефони на поразличен, визуелно активен и автентичен начин – споделувајќи ги своите искуства и останувајќи поврзани подолго. Овие врски може да напредуваат само кога најважните карактеристики на уредите им овозможуваат на луѓето да ги подобрат интеракциите преку спонтана, заедничка и вистинска поврзаност. Сето ова бара еволуција. Затоа, за да ги задоволиме потребите на оваа нова генерација, го создадовме новиот Galaxy A70 – дизајниран според начинот на кој луѓето во денешницата се поврзуваат“, изјави Диџеј Кох, Претседател и извршен директор на секторот за ИТ и мобилни комуникации во компанијата Samsung.

Со Infinity-U екран со димензии од 6,7 инчи, најголем екран во Galaxy А портфолиото до сега, новиот Galaxy А70 овозможува уште поневеројатно искуство при секојдневните активности со помош на максималната, од раб до раб, искористеност на екранот. Префинетиот и ергономски дизајн и соодносот на екранот од 20:9 овозможуваат неверојатно искуство при гледањето содржини, притоа обезбедувајќи оптимална површина за користење на екранот.

Уредот е достапен во четири бои – сина, црна, бела, како и актуелната, тренди боја – корална, а пристигнува со стилски ефект на призма кој прикажува неверојатни нијанси во зависност од насоката на осветлувањето и рефлексијата на светлината.

Galaxy А70 ја вклучува и платформата One UI на Samsung за да поттикне поголема продуктивност и фокус. Дизајнирана за да го подобри Samsung Galaxy и корисничкото искуство, оваа платформа креира интеракции за да овозможи поудобно и попаметно функционирање.

Како дел од оваа платформа, карактеристиката One Handed Navigation придонесува за поедноставна употреба на уредот со доближување на контролите на самиот екран во опсег на една рака. За користењето на уредот да биде поудобно, корисниците може да го вклучат вечерниот режим на платформата One UI, или пак да добијат повеќе контрола со помош на Тајмер апликацијата на Galaxy А70 која дава приказ на нивоата на користење на екранот. Дополнително, Galaxy А70 пристигнува со Samsung Health, Samsung Pay, Бигзби и многу други карактеристики.