Самсунг казнет за лажно рекламирање

42

Австралискиот регулатор на пазаротобјави дека судот и наредил на локалната подружница на Samsung Electronics да плати казна од 14 милиони австралиски долари (9,65 милиони американски долари) поради погрешните реклами за водоотпорноста на некои од нејзините паметни телефони.
Samsung Australia призна дека ги измамил купувачите на некои модели на телефони „Galaxy“ за нивото на водоотпорност, објави австралиската комисија за заштита на конкуренцијата и потрошувачите (AC C C), пренесува Reuters.

Регулаторот поднесе тужби против компанијата во јули 2019 година.

Во соопштението се наведува дека Самсунг Австралија објавил огласи во продавниците и на социјалните мрежи во периодот од март 2016 до октомври 2018 година, тврдејќи дека телефоните може да се користат во базени или морска вода.

A C C C, сепак, доби стотици поплаки во кои корисниците изјавија дека нивните паметни телефони не работат правилно или дури и целосно престанале да работат откако биле изложени на вода.

„Лажните огласи „промовираа важна точка за продажба на телефони Галакси“. Многу потрошувачи кои купиле телефон Галакси можеби биле изложени на погрешни реклами пред да донесат одлука да купат нов телефон“, рече Џина Кас-Готлиб, претседател на A C C C.