Samsung ќе гради фабрика за чипови од 17 милијарди долари во САД

26

Јужнокорејскиот електронски гигант, Samsung Electronics разгледува четири локации во САД за нова фабрика за чипови вредна 17 милијарди долари.

Компанијата разгледува две локации во Аризона и по една во Тексас и Њујорк.

Од округот Тревис и градот Остин во Тексас, компанијата бара комбинирано намалување на данок за 1,48 милијарди долари во текот на 20 години, што е скоро двојно повеќе од она што го барала досега.

Samsung преговара и за локации во Аризона и Њујорк, коишто му нудат намалување на данокот на имот и “значајна поддршка или даночно олеснување со можност за поврат за финансирање со подобрена инфраструктура.

Новата фабрика би произведувала софистицирани компоненти за чипови и би можела да отвори 1.800 работни места, пренесува Ројтерс.

Samsung веќе има фабрика за чипови во Остин, што го запре производството во февруари поради поларното невреме и ќе бидат потребни уште неколку недели за да го обнови производството.

Фото: Pexels