Samsung направи невидлива тастатура

53

Samsung креираше невидлива виртуелна тастатура којашто користи вештачка интелигенција за да ги следи движењата на прстите.

Станува збор за проектот C-Lab на инкубаторската програма кој вклучува AI софтвер за креирање виртуелна тастатура на рамни површини. Во C-Lab моментално се развиваат 40 проекти, за кои се очекува дека во иднина ќе прераснат во независни стартап компании.

SelfieType ја користи предната камера на телефонот, таблетот или лаптопот преку која ги следи движењата на прстите и ги претвора во стандардниот QWERTY распоред. За софтверот не е потребна никаква дополнителна опрема, а кога ќе биде достапен на пазарот ќе биде одлична алтернатива за физичките тастатури.

Главната предност на оваа алатка е тоа што нема да има потреба да се носи Bluetooth тастатура или мини тастатури. За работата на SelfieType доволно е да има цврста и рамна површина. Засега не е познато кога ќе биде комерцијално достапен и по која цена.

Фото: Youtube