Samsung остана лидер на пазарот на паметни телефони во Европа

8

Се чини дека европскиот пазар на паметни телефони во голема мера се опорави од ефектите на пандемијата Ковид-19, иако продажбата сега е под влијание на тековниот недостиг на чипови, според Counterpoint Reasearch.

Продажбата во третиот квартал од оваа година е нешто помала (-1%) во однос на истиот период минатата 2020 година и 4% помала во однос на вториот квартал од 2021 година.
Samsung ја задржа водечката позиција на европскиот пазар на паметни телефони откако ги реши повеќето проблеми со снабдувањето од почетокот на оваа година. Корејците, сепак, продолжија да губат удел на пазарот, но популарноста на Galaxy Z Flip 3, особено во Западна Европа, го ублажи тој пад.

Realme е еден од најбрзо растечките брендови во Европа и е меѓу првите пет добавувачи со силна продажба во Русија, Шпанија и Италија. Vivo исто така брзо расте, но имаше помал почетен удел на пазарот.

Веста е дека Motorola и Nokia се враќаат на европскиот пазар. HONOR влезе и на европскиот пазар.

Xiaomi имаше рекордна продажба во септември оваа година. iPhone 13 постигна голем успех покажувајќи подобри резултати од iPhone 12. Доколку Apple ги надмине предизвиците во снабдувањето, би требало да има рекордна продажба во четвртиот квартал од оваа година.