Самсунг пред францускиот суд

24

SamsungТри француски невладини организации поднесоа тужба против компанијата Самсунг поради непочитување на законот за работа во поглед на старосната граница на вработените, како и поради неплаќање на прекувремена работа.

Невладините организации во тужбата што ја поднесоа во Бобињи, во близина на Париз, ја теретат оваа јужнокорејска компанија за непочитување на етичките норми, особено во поглед на вработување на деца помлади од 16 години, како и кршење на прописите за безбедност при работа во фабриките на кинеските снабдувачи.

Француските владини организации тужбата ја засноваат на резултатите на истражувањето на невладината организација China Labor Watch, со седиште во Њујорк, за условите за работа во погоните на Самсунг што се наоѓаат во Кина.

Управата на Самсунг тврди дека во ноември минатата година спровела интерна контрола и не е пронајден ниту еден случај на вработен малолетник со лажни документи, но призна дека имало случаи на неплаќање на прекувремена работа, како и незаконско казнување на вработени во случај на изостаноци и доцнење на работа.