Самсунг прв, Нокиа втора во светот

56

Самсунг е повторно пред финската Нокиа како најголем производител на мобилни телефони во глобални рамки.

Оваа информација е според најновите податоци што ги изнесе компанијата за анализа Гартнер. Според неа, има два начина со кои може да се опише глобалниот пазар на мобилни телефони.

Првиот е според вкупната продажба на сите модели, како смарт-телефоните и другите модели. Според оваа анализа Нокиа и понатаму е втора на листата, по кореанскиот гигант Самсунг.

Имено, Нокиа има 19,2% од светскиот пазар, или 82 милиони продадени единици. Ова е околу половина од продажното ниво кое компанијата го постигнуваше во своите најдобри денови.

Од друга страна пак, Самсунг е застапен со 22,9% на светскиот пазар и има продадено 98 милиони мобилни телефони. Колку за споредба, Ајфон има само 5,5% од светскиот пазар на мобилни телефони.

Вториот начин со кој може да се опише пазарот на мобилни телефони е преку продажбата на смарт-телефоните. Бидејќи се во постојан пораст, на нив моментално отпаѓа 40% од тоталната продажба на мобилни телефони. Тука си ги мерат силите Епл и Андроид-фамилијата.