Samsung со рекорден дневен профит од 109 милиони долари

36

samsung-1266359_960_720

Фото: Pixabay

Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung Electronics оствари профит од 109 милиони долари дневно, односно 10 милијарди долари во периодот јули – септември, што е нов рекорд за компанијата, пишуваа Guardian.

Нејзината нето добивка порасна за 148% повеќе во истиот период пред една година, благодарение на големата побарувачка на мемориските чипови и зголемената продажба на паметни телефони со развојот на новата генерација Galaxy Note 8.

Бројките доаѓаат по само две недели откако главниот извршен директор на Samsung, Квон О -Хјун поднесе оставка. Samsung Electronics е клучната подружница од Samsung Group, чиј наследник Ли Џе – Јонг во август беше прогласен виновен за подмитување и прекршување на заклетва. Сепак, нејзината добивка и цената на акциите вртоглаво се искачија во 2017 година.

Компанијата обезбедува мемориски чипови за компјутери, сервери и мобилни уреди.