Samsung создаде капа за пливачи со оштетен вид

30

blind cap samsungМаркетинг агенцијата Cheil Spain и технолошката компанија Samsung Electronics создадоа капа за пливање, којашто ќе им биде од голема помош на пливачите со оштетен вид, пишува The Drum.

Blind Cap го алармира пливачот кога ќе дојде до крајот на базенот за да може да се заврти и да продолжи со пливањето. Пливачката капа е опремена со Bluetooth којшто испраќа вибрации до неговиот корисник.

“Blind Cap е иновација што се базира на основните вредности на Samsung, што значи напредок преку технологијата. Таа е многу повеќе од предмет погоден за носење и служи како стандард за иновациите и се надевам дека за многу брзо време ќе стане реалност за Параолимписките игри. Тоа ќе биде победничкиот круг на Параолимпиското пливање“, вели Брено Кота, извршен директор на Cheil Spain.