Сан Диего добива паметни сијалици што го следат сообраќајот

23

san-diego-surfliner

Американската компанија General Electric (GE), ќе постави камери, микрофони и сензори на 3.200 улични светилки во Сан Диего годинава коишто ќе го следат текот на сообраќајот и ќе предупредува за можен криминал во градот, пишува Engadget.

На саемот за електроника во Лас Вегас телекомуникациската компанија AT&T го претстави проектот Smart Cities и потпиша договор со GE и Intel Corp за инсталирање на CityIQ сензори на уличните светилки низ САД. Целта е да се обезбеди паметно осветлување, следење на текот на сообраќајот, паркинг места, квалитет на воздух, временска прогноза, итни случаи, дури и истрели од огнено оружје. Градот ќе обезбеди податоци за претприемачите и студентите за развивање на апликации.

Со инсталирањето на овие сензори, градот ќе заштеди 2,4 милиони долари годишно.