Сандар Пичаи, извршен директор на Google: Не знаев што е компјутер кога растев…

120

Пред да стане извршен директор на една од најуспешните компании во светот, Сандар Пичаи растел скромно во индиското гратче Ченаи. Долги години немале телефон, а за компјутер не станувало ни збор. Но, како што вели директорот на Google токму на тој начин дознал кои се придобивките на технологијата.

Кога конечно добиле телефон, соседите доаѓале кај нив да се јавуваат што уште повеќе го натерало да се заинтересира за електронските уреди, пишува CNN.

Пичаи за прв пат добил компјутер кога отишол да студира во САД на Стенфорд, благодарение на стипендија. Оттаму започнала неговата кариера, дипломира на отсекот инженерство и потоа се запишува на мастер студии на универзитетот во Пенсилванија.

Пред да се приклучи на технолошкиот гигант во 2004 година, Пичаи работел за Applied Materials и McKinsey.

Во Google имал неколку улоги како одговорен за Chrome, шеф на производи и раководител на оперативниот систем Android. Сегашната функција ја добива во 2015 година, за којашто вели дека бил изненаден кога основачите Сергеј Брин и Лери Пејџ му ја понудиле.

Во текот на овие четири години како извршен директор Пичаи се соочил со низа проблеми како загриженост на корисниците за приватноста, проблеми со дискриминација и заминување на одлични вработени.

Низ многуте подеми и падови тој вели дека најважна лекција што досега ја научил работејќи за Google е да го слушне мислењето на другите луѓе.

“Треба да бидете отворени за тоа што се случува околу вас, да го разберете влијанието на вашите производи, да учите и работите напорно за сето тоа да биде подобро“.

Фото: Facebook