Санди Чешко по трет пат најбогат Словенец

89

sandi ceskoТрета година по ред, најбогат Словенец е Санди Чешко. Списанието Manager, кое секоја година ја објавува листата на најбогатите луѓе во Словенија, вредноста на неговиот 60% удел во Студио Модерна ја проценува на 460,4 милиони евра, што е 12% повеќе од лани, пренесува Дело.

Од лани до сега, најмногу се зголемило богатството на сопружниците Албин и Татјана Добершек, и тоа за 118%. Со проценета вредност од 274,3 милиони евра, сопствениците на Engineering Dobersek, компанија специјализирана за изградба на енергетски, рударски и еколошки објекти, се на второто место на листата.

Трет е Јоц Печечник. Неговиот 90% удел во групата Elektronček, која произведува и дава под наем опрема за коцкарници, се проценува на 188,4 милиони евра, 3% повеќе од лани.

Некогаш најбогатиот Словенец Мирко Туш, оваа година падна за едно место, на осма позиција, а неговото богатство е проценето на 73,7 милиони евра.

Вкупното богатство на стоте најбогати Словенци лани достигна 3,3 милијарди евра, што е 14% повеќе од годината претходно, но се уште 17% помалку од предкризниот период 2008 година, пренесува Дело.