Santander за првпат во историјата прокнижи загуба

48

Шпанската банкарска групација, Santander објави дека нето добивката во последното тримесечје од минатата година се намали за 90% на 277 милиони евра во споредба со истиот период во 2019 година, поради трошоци за реструктуирање во Шпанија и одвојување поголеми резерви за надминување на последиците од пандемијата.

Аналитичарите очекуваа Santander во просек да остварат нето добивка од 411 милиони евра иако проценките варираа од 102 до 616 милиони евра.

Севкупно, Santander пријави годишна нето загуба од 8,77 милијарди евра, што е прва годишна загуба на банката што некогаш била остварена, откако во вториот квартал од минатата година се издвоени еднократни трошоци во вредност од 12,6 милијарди евра, бидејќи пандемијата ја принуди да ги отпише претходните аквизиции.

Што се однесува до исплатата на дивиденда за 2020 година, управниот одбор на банката планира да исплати парична дивиденда од 0,0275 евра по акција, што е максимално дозволено во рамки на ограничувањата што ги пропишува Европската централна банка.

Фото: Freepik