Сарачини и Орав на завршна церемонија на проекти за мали бизниси

37

images (1)По повод успешната реализација на Програмата за раст на претпријатијата (ЕГП) и Програмата за деловно советување (БАС) во Република Македонија, министерот за економија Ваљон Сарачини и евроамбасадорот Аиво Орав денес ќе се обратат на завршниот настан организиран од тимот за Поддршка на мали бизниси при Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Со континуирана поддршка во рамки на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија, кој ги финансира проектите, програмата на ЕБОР за поддршка на малите бизниси обезбеди помош за 131 претпријатие во Република Македонија преку советодавни проекти помагајќи им подобро да го искористат нивниот развоен и извозен потенцијал.