Сарачини на состанок на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА

18

Министерот за економија Ваљон Сарачини ќе учествува на состанокот на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА, кој денес ќе се одржи во Сараево, Босна и Херцеговина.

На состанокот, со кој ќе претседава министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ, ќе биде презентиран Извештајот на Секретаријатот на ЦЕФТА, работата на Поткомитетите на ЦЕФТА.

Министерот Сарачини на форумот ќе ги претстави приоритетите на Република Македонија за 2014 година, како иден претседавач со ЦЕФТА, стои во соопштението на министерството за економија.