Сарачини во работна посета на Турција

29

Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе отпатува во дводневна работна посета на Турција каде ќе оствари средби со стопанственици – потенцијални инвеститори од оваа земја.

Во текот на првиот ден од посетата, министерот ќе ја посети Бурса каде што се планирани средби со градоначалникот на овој град, претставниците на стопанските комори на Бурса и компаниите кои се нивни членки, како и посета на индустриска зона.

Вториот ден средбите ќе продолжат во Истанбул, со потенцијални инвеститори кои изразиле интерес за проектите кои се реализираат во Република Македонија.