Сараево го доби првиот Halal friendly хотел во регионот

60

halal hotel saraevo

City Boutique Hotel е првиот halal friendly хотел во Босна и Херцеговина, како и во регионот, покажуваат оценките на водечката светска институција за рејтинг на халал стандардите во угостителските објекти во светот – Halal Friendly Travel, пишува порталот Кликс.ба.

halal sertifikat hotel 12

Агенцијата за сертифицирање на халал стандардите на Босна и Херцеговина во септември оваа година на првиот хотел од ваков вид, што се наоѓа во стариот дел на Сараево, му додели халал серфитикат за подготовка и послужување на храна според барањата на стандардот BAS: 1049:2010 и Водич за халал сертифицирање на туристичко – угостителските услуги, што е еден од предусловите за ова рангирање.

“Со оглед на тоа што кај нас само што започна халал сертифицирањето на туристичко – угостителските објекти, веруваме дека додаваме нешто корисно кон целокупната презентација на Босна и Херцеговина во светот на халал туризмот, како halal friendly дестинација. Ќе се зголеми и бројот на заинтересирани лица кои ќе ја посетат нашата земја, штом имаме угостителски објекти од ваков тип. Со оваа понуда нашиот хотел нуди нова димензија во туризмот“, велат од City Boutique хотелот.