Сараевската берза прва во регионот воведува исламскиот индекс

49

sase saraevska berza

Сараевската берза го лансираше исламскиот индекс SASE Islamic index (SASX – BBI) во соработка со BBI Банка, стои во официјалното соопштение на берзата.

“Ние сме прва берза во регионот што го воведе овој индекс. Исламската економија бележи пораст насекаде, не само во исламскиот свет. Сите светски берзи веќе одамна имаат исламски индекси и тоа не е новитет. Одлучивме во овој регион да понудиме таков вид на производ. Домашните компании и исламскиот индекс на SASE, преку нашите канали на дистрибуција, ќе бидат видливи низ целиот свет“, изјави директорот на Сараевската берза, Тарик Курбеговиќ.

Во рамки на овој индекс влегуваат акции на компании коишто се тргуваат на Сараевската берза, а чија работа е хармонизирана со принципите на исламската економија. Почетната вредност на SASX – BBI е 10.000, а базниот датум на индексот е 07.10.2016 година.

Официјалниот исламски индекс ќе биде четврти индекс на Сараевска берза, на којшто котираат 25 компании од Босна и Херцеговина.