Сараевската берза се приклучи во SEE Link

18

see-link

По апликацијата за приклучување кон SEE Link на почетокот на оваа година, Сараевската берза (SASE) стана активен член на мрежата на SEE Link, којашто овозможува тргување на соодветниот пазар, соопштуваат од Македонска берза.

Ова е четврта берза којашто активно се приклучи на SEE Link по трите берзи основачи и седма берза по ред во оваа платформа.

SEE Link платформата стана целосно оперативна на крајот на март 2016 година. Двата SEE Link индекси – SEE LinX и SEE LinX EWI – беа лансирани во почетокот на април 2016 година и ревидирани во јануари 2017 година со вклучување на компании од Љубљанската и Белградската берза. Индексите се составени од 16-те најактивно тргувани регионални компании кои се котирани на петте берзи учеснички. Со пристапувањето на новите пазари, ревизијата на индексите се планира во наредниот период, со цел да се обезбеди порепрезентативен преглед на седумте пазари.

И Атинската берза се подготвува за нејзино поврзување со платформата на ЈИЕ Линк.

Со пристапувањето на SASE, системот за рутирање на SEE Link сега поддржува тргување за вкупно седум пазари, со комбинирана пазарна капитализација од 52 милијарди долари и над 1.200 хартии од вредност коишто можат да се тргуваат.

Вкупно 32 инвестициски компании (брокерски куќи) имаат дозвола да тргуваат преку SEE Link. Покрај тоа, членовите на Сараевската берза се во процес на добивање членство за тргување преку SEE Link.
Системот има за цел да ја зголеми ликвидноста и да го подобри пристапот за инвеститорите.