Сатја Надела – личност на годината според Financial Times

127

Сатја Надела, главен извршен директор на технолошкиот гигант Microsoft, е личност на годината според магазинот Financial Times.

Како причина за тоа се наведува големиот успех на Надела, кој успеа да ја промени насоката на Microsoft во текот на последната деценија, што кулминираше со солидни резултати оваа година.

Откако Надела пред шест години ја презеде должноста извршен директор на Microsoft, вкупниот поврат што компанијата го оствари за нејзините акционери надминува илјада милијарди долари.

Магазинот му оддава признание за тоа што помогнал во создавањето “нови цели во срцето на компанијата, како и корпоративната култура што ги одразува личните квалитети на извршниот директор“.

Тој успеа да создаде нова стратегија што го води Microsoft од технолошки монопол што е фокусиран на Windows, во компанија што се фокусира на услуги во “облак“.

Фото: Twitter