Саудиска Арабија двојно го зголеми увозот на нафта од Русија

103

Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, двојно го зголеми увозот на нафта од Русија, бидејќи Москва во моментов ја продава својата нафта со значителни попусти.

Во вториот квартал на 2022 година, од април до јуни, 647.000 тони нафта пристигнале во Саудиска Арабија преку руските и естонските пристаништа. Ова го објави новинската агенција Ројтерс, која се повикува на податоците на Refinitiv,

Тоа одговара на количина малку поголема од 7.000 тони или 48.000 барели нафта дневно.

Во истиот период лани вкупното количество увезено нафта од Русија изнесувало 320.000 тони, пренесува ДВ.

Саудиска Арабија користи руска нафта за производство на електрична енергија и потоа може да произведува и извезува сопствена нафта.

На Арапскиот Полуостров е потребно особено големо количество електрична енергија за ладење во жешките летни месеци – токму сега.