Саудиска Арабија и ОАЕ воведуваат ДДВ

24

al-qurayyah-97408_960_720

Фото: Pixabay

Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за прв пат ќе воведат данок на додадена вредност (ДДВ), пишува CNN.

Од први јануари во двете земји е воведен надоместок од 5% на најголемиот дел од стоките и услугите, со цел да се зголемат приходите во услови на пониски цени на нафтата. Според проценките на ОАЕ, во првата година приходите од ДДВ ќе бидат околу 3,3 милијарди долари.

Горивата, храната, облеката и сметките за комунални услуги и хотелски соби веќе имаат ДДВ, додека медицинските третмани, финансиските услуги и јавниот превоз се ослободени од данок. Во Саудиска Арабија повеќе од 90% од буџетските приходи доаѓаат од нафтената индустрија, додека во Обединетите Арапски Емирати таа бројка е приближно 80%.

Двете земји веќе презедоа чекори за зголемување на буџетот. Саудиска Арабија воведе данок на тутун и безалкохолни пијалаци и ја намали сумата за одредени субвенции што му се нудат на локалното население. Во ОАЕ беа зголемени патничките патарини и се воведе данокот за туризам.

Сепак, сè уште нема планови да се воведе данок на доход.