Саудиска Арабија ќе инвестира до 25 милијарди долари во Пакистан

24

Саудиска Арабија ќе инвестира до 25 милијарди долари во Пакистан во следните две до пет години во различни сектори, изјави  пакистанскиот премиер Анвар-ул-Хак Какар, наведувајќи дека неговата влада ќе го оживее закочениот процес на приватизација.
Зборувајќи за новинарите во неговата официјална резиденција, Какар рече дека Саудиска Арабија ќе инвестира во рударството, земјоделството и информатичката технологија како дел од напорите за зголемување на странските директни инвестиции во Пакистан, објави Ројтерс.

Доколку се потврди, серијата инвестиции вредни 25 милијарди долари ќе бидат најголемите инвестиции на Саудиска Арабија во Пакистан.

Долгогодишниот сојузник на Ријад, Пакистан се соочува со криза во платниот биланс и му требаат милијарди долари за да го финансира трговскиот дефицит и да ги отплати меѓународните долгови во тековната финансиска година, пренесува Танјуг.

Какар не прецизираше во кои проекти Ријад сака да инвестира, но минатиот месец Berik Gold Corp (ABX.TO) рече дека е отворена за внесување на фонд од Саудиска Арабија како еден од нејзините партнери во пакистанскиот рудник за злато и бакар Реко Дик.