
Компаниите во Саудиска Арабија објавија дека обезбедиле речиси 2,4 милијарди долари за голема соларна инвестиција во земјата.
Во овој проект учествува и саудискиот нафтен гигант Aramco, пренесува порталот oilprice.com.
Проектите Al-Shu’aba PV 1 и Al-Shu’aba PV 2 заедно ќе произведуваат 2,6 гигавати чиста енергија за снабдување на околу 450.000 домаќинства во Саудиска Арабија.
Вкупната вредност на овие инвестиции се проценува на 2,37 милијарди долари, а споменатите соларни централи ќе започнат со работа во 2025 година, пренесува Танјуг.
Ријад сака да изгради 58 гигавати соларна и ветерна енергија до 2030 година, а моментално има помалку од еден гигават од овие капацитети.