Саудиска Арабија со 2,4 милијарди долари ќе го поддржува приватниот сектор во корона криза

22

Кралот на Саудиска Арабија донесе одлука од државната каса да се исплати дел од заработката на вработените во приватниот сектор во износ од 2,4 милијарди долари. Целта на оваа мерка е да се спречат компаниите во оваа земја да отпуштаат вработени, пренесува Reuters.

Оваа мерка е дел од пакетот мерки против ударот на коронавирусот врз економијата.

“Наместо да се прекине работниот однос на некој граѓанин на Саудиска Арабија, работодавачот има право да бара од социјалното осигурување во рок од три месеци да му исплати 60% од надоместокот на име плата за вработениот, во вкупна вредност од 2,4 милијарди долари“, информира државната саудиска новинска агенција.

Претходно, властите во Саудиска Арабија донесоа пакет мерки за поддршка на претприемачите, а дел од нив се однесуваат и на одложување на плаќањето за некои видови на даноци и давачки.

Фото: Pixabay