Саудискиот нафтен гигант Aramco оствари рекордна добивка – 48 милијарди долари

60

Саудискиот нафтен гигант Aramco го урна сопствениот рекорден профит бидејќи во вториот квартал од оваа година заработи 48 милијарди долари.

Ова е зголемување од 90 отсто во однос на истиот период минатата година и претставува највисока нето добивка на најголемиот светски извозник на нафта од 2019 година.
Истовремено, нето добивката на компанијата во првата половина од годината се зголеми на 87,9 милијарди долари.

Конфликтот меѓу Русија и Украина предизвика голем скок на цените на нафтата и гасот, потсетува Би-Би-Си.

Русија е еден од најголемите извозници, но западните земји се обидуваат да ја намалат зависноста од руските извори на енергија.

Покрај рекордната добивка, Aramco најави и дека ќе ги задржи дивидендите непроменети на 18,8 милијарди за третиот квартал.

Компанијата, исто така, најавува дека ќе продолжи да го зголемува производството за да ја задоволи побарувачката.