СБ: Македонија со економски раст од 3,5% оваа година

12

Македонската економија годинава според најновите проекции на Светска банка ќе има раст од 3,5%, следната 3,8%, а во 2017 година ќе достигне 4%, пишува Миа.

Растот на БДП во Албанија е проектиран на 3% за годинава, на 3,5% следната и на 2% во 2017 година, во БиХ растот се предвидува да изнесува 2% годинава, 2,3% наредната и 2,9% во 2017 година. Во Бугарија за годинава е проектиран раст од 1,1%, догодина 2% и во 2017 година е 2,7%о. Косово се предвидува да има раст од 3% на БДП годинава, 3,5% следната година и 3,7% во 2017 година, Црна Гора годинава ќе има раст од 3,4% и 2,9% следните две години и Хрватска годинава ќе има раст од 0,5%, 1,2% во 2016 и 1,6% во 2017 година. Србија ќе биде единствена земја во регионот на која се предвидува пад од 0,5% за годинава и раст од 1,5% следната и 2% во 2017 година.

Во Извештајот за Македонија се наведува дека таа во изминатите години покажа подобри економски перформанси од соседите, благодарение на директните странски инвестиции во слободните економски зони и стимулациите од државата. Се укажува дека зголемениот јавен долг ќе го ограничи просторот за фискална поддршка на економскиот раст и дека банкарските системи на сите земји во регионот вклучувајќи ја и Македонија остануваат ранливи поради можното негативно влијание од кризата на грчките банки кои имаат свои удел во банките во државите од регионот.

Извештајот посочува дека во речиси сите земји од регионот вклучувајќи ја и Македонија, ниските цени на нафтата придонесоа за намалување на стапката на инфлација и подобрување на дефицитот на тековната сметка, што влијае на олабавување на монетарната политика. Ниските цени, според Светска банка, придонесуваат и за дефлаторни притисоци.