СБ прогнозира светски економски раст од 2,7% во 2017 година

17

rast-zlatno-pixabay

Фото: Pixabay

Светска банка (СБ) прогнозира економскиот раст оваа година да биде 2,7% како резултат на производството и трговијата, порастот на довербата на пазари и стабилизирање на цените на производите.

Според извештајот, растот на развиените економии се очекува да достигне до 1,9% во 2017 година, што позитивно ќе се рефлектира и на трговските партнери на овие земји.

Американската економија планирано е да овозможи економски раст од 1,6%, додека кај евро зоната таа стапка се проектира на ниво од 1,7%.