Sberbank ќе лансира своја криптовалута до пролет

39

Најголемата руска банка, Sberbank, поднесе барање до националниот финансиски регулатор да воспостави блокчејн платформа за сопствен дигитален токен наречен Sbercoin. Проектот би можел да започне уште оваа пролет.

“Sberbank на почетокот на годината испрати апликација за платформата до Централната банка на Русија“, откри директорот на деловниот оддел за трансакции, Сергеј Попов.

Тој рече дека регистрацијата ја бара законот за дигитални финансиски средства, кој стапи на сила во Русија од први јануари.

Според Попов, процесот на регистрација обично трае околу 45 дена. Доколку не добијат забелешки од централната банка, има големи шанси токенот да биде пуштен во оптек во пролет.

Сепак, Sberbank сè уште треба да реши некои прашања поврзани со дигиталната валута, како што е оданочување на дигиталните финансиски средства, како и начините на кои може да се користи токенот.

Фото: Facebook