Scroogled кампања: Microsoft почна да продава анти – Google производи

41

casa

Microsoft годинава ја започна анти – Google кампањата Scroogled, со која има за цел да ги посочи проблемите со приватноста што ги имаат корисниците на овој сервис. Во рамките на кампањата, неделава Microsoft отвори онлајн продавница во која можат да се купат разни производи со анти – Google пораки. Се продаваат мајци, капчиња и други ситни работи, а оваа чаша на која пишува Останете мирни додека ви ги крадеме податоците (Keep Calm While We Steal Your Data) се продава за 7,99 долари.