Се ближи ли крај на продавањето преку социјални мрежи? Gucci и Facebook со заеднички тужби

318

Gucci и Facebook поднесоа заедничка тужба против поединец од Калифорнија, кој ја користеше оваа социјална мрежа за продажба на копии од производите на Gucci, пренесува Ројтерс.

Оваа иницијатива е еден од најновите примери за тоа како интернет гигантот ги здружува силите со луксузните брендови за да се справат со расцутот на препродажбата на копии на оваа социјална мрежа.

Amazon поднесе слична пријава минатата година.

Во официјалното соопштение, Gucci и Facebook обвинија неидентификувано лице дека користело неколку сметки на Facebook и Instagram за да промовира сопствена меѓународна продажба на фалсификати, пишува Ројтерс.

Продажбата преку Интернет на луксузни брендови експлодираше во текот на изминатата година, бидејќи избувнувањето на пандемија ги принуди компаниите да затвораaт продавници.

Facebook и слични компании се повеќе “напаѓаат“ на пазарот на луксузни добра и тргуваат преку истите социјални мрежи, но за да успеат, тие мора да покажат дека нивните платформи не се места каде се тргува со фалсификати, туку дека се безбедни за брендови.

Повеќе од милион објави беа отстранети од Facebook и Instagram во првата половина на 2020 година, врз основа на извештајот на сопствениците на брендот, вклучувајќи го и Gucci, според официјалното соопштение.

Само во 2020 година, акцијата на тимот за интелектуална сопственост на Gucci резултираше во отстранување на повеќе од четири милиони фалсификувани производи, се додава во соопштението.

Фото: Pixabay