Се формира најголемата “рударска фарма“ на биткоини

29

Whinstone US Inc., компанија од САД што развива центри за податоци, и Northern Bitcoin AG, германска фирма за биткоини, се спојуваат во најголемата “рударска фарма“ за криптовалути во светот.

Истата ќе биде лоцирана во Тексас и ќе има капацитет од еден гигават. Whinstone моментално има свои рударски капацитети во Холандија, Шведска и САД, додека Northern Bitcoin има свој објект во Норвешка.

Конструкцијата на фармата ќе биде во три фази, пишува The Block Crypto. Првата ќе започне во првиот квартал од следната година и ќе има капацитет од 300 мегавати, додека последната е закажана за четвртиот квартал од 2020-та.

Како што велат од фирмите, тие веќе ги имаат првите клиенти, но нивните имиња ги држат во тајност. Единствено се знае дека се корпорации што котираат на берза.

Фото: Pexels