Се формира претпријатие за гасификација на Штип

47

Во општина Штип започна постапката за формирање на ново јавно претпријатие за гасификација на градот и индустриската зона. Бојан Кереместевски, претседателот на Комисијата за урбанизам при Советот на Општина Штип, изјави дека почнувајќи од денес стартува процедурата на создавање на ЈП Енерго-Штип, каде што за почетoк ќе има двајца вработени.

“Ова јавно претпријатие ќе биде со управувачки орган, односно со управен и надзорен одбор. Висината за влогот е  5.000 евра кои се обезбедени од буџетот на Општина Штип, а првичната сума за формирање на оваа јавно претпријатие е 900.000 денари. Функцијата на ЈП „Енерго–Штип му е приклучување на гасоводот”, рече Керемествевски.

Штипскиот градоначалник Зоран Алексов рече дека оваа Предлог-одлука за формирање на ЈП Енерго-Штип ќе биде една од најзначајните точки на последната седница.

“Вработените во ЈП „Енерго-Штип“ на самиот почеток ќе имаат за задача да ги подготват сите студии, материјали и да ги направи сите анализи за трасите на гасот каде би можел да поминува. Потоа која би била влезнатата цена на гасот”, изјави Алексов.

Според него средбата со претставниците на бизнис заедницата во Штип потврдила дека овој проект е прифатлив и добредојден за индустриските зони во градот. Исто така преку овој проект општинските институции и училишта ќе имаат голема заштеда за енергијата.

Како што изјавува Алексов, буџетот на општина Штип за 2013 ќе изнесува 7 милиони евра, односно ќе има големо зголемување на истиот, без да се зголемат даноците и да се воведат нови такси за граѓаните.

“Големиот прилив на средства во буџетот за наредната година е резултат на тоа што го работевме во изминатите четири години. Значи ќе имаме продажба на ново градежно земјиште, а со тоа и повеќе комуналии, а исто така резултатите од процесот на легализацијата на дивоградбите очекуваме да се покажат и очекуваме дека некаде околу 70 милиони денари ќе влезат во буџетот, токму од легализацијата на објектите”, рече градоначалникот на оваа општина.